Турски авиони 110 пати навлегле во грчкиот воздушен простор

Според исти извори, 35 турски воени авиони од моделот Ф16 и Ф14 го нарушиле грчкиот воздушен простор во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејско Море. Регистрирани се и шест виртуелни воени борби со грчки авиони, како и 16 повреди на воздушниот простор од страна на шпионски авиони, објави Прототема.

Прелетувањата на турските авиони во грчкиот воздушен простор се очекува да биде една од темите на состанок на Советот за надворешна политика на Грција, на кој учествуваат претставници на грчките партии.

Со Советот за надворешни работи претседава алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, а според најавите, тема на Советот ќе биде информирањето за клучни прашања поврзани со надворешната политика во наредниот период, кипарското прашање и прашањето за грчко-турските односи.

Please follow and like us:

You May Also Like