ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Тројцата македонски членови на екипажот на “Дајмонд Принцес” не се заразени со коронавирусот

Членови на екипажот на „Дајмонд принцес“ се македонските државјани кои се заглавени на закотвениот брод во близина на Јокохама.

Во последните денови живеат под режим на епидемиолозите.

Имаат определени термини во кои им е дозволено да се движат надвор од кабина и да излезат надвор.

Нивната здравствена состојба е тестирана, а резултатите се добри, потврдија властите.

Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио оствари директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот “Diamond Princess”, во Јокохама. Станува збор за двајца мажи и една жена, кои се наоѓаат во добра здравствена состојба, велат од министерството за надворешни работи.

На бродот кој е претворен во карантин на вода поради коронавирусот, во моментот кога е вклучен црвениот аларм биле присутни 3700 патници и екипаж, а кај 130 од нив е потврдена болеста.

Во светот бројките од ден за ден се менуваат, повеќе од 40 илјади болни на речиси сите континенти. Коронавирусот одзема 910 животи.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.