Трошоците на живот во ноември намалени за 0,1 отсто

Трошоците на живот во ноември годинава бележи намалување од 0,1 отсто и во однос на претходниот месец и на тој месец минатата година. Цените на мало, пак, бележат намалување за 0,6 отсто во однос на претходниот месец, а во однос на ноември лани намалување од 1,7 отсто.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 9,6 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 23 отсто, течните горива за домаќинствата за 2,3 отсто, информатичката опрема за 1,8 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 1,6 отсто, електричните апарати за лична хигиена за 1,4 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,9 отсто, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 0,8 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0,7 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0,6 отсто, книгите за 0,5 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 0,3 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во ноември 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 5,6 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,6 отсто, свежата и разладената риба за 0,8 отсто, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 отсто, трбушките за 0,6 отсто, жестоките пијалаци за 0,5 отсто, лебот и житата, месото, сирењето и урдата за 0,4 отсто.

Во ноември 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот, исто така, е забележан и кај гасот за домаќинствата за 4,5 отсто, обувките за 2,3 отсто, отпадната вода за 1,1 отсто, автомобилите за еден отсто, другите лични предмети за 0,8 отсто, другите медицински производи, туристичките пакет-аранжмани за 0,5 отсто, снабдувањето со вода, мебелот и покуќнината за 0,3 отсто и конфекцијата за 0,2 отсто.

Please follow and like us:

You May Also Like