ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп рече дека пие недокажан лек за да спречел ковид-19 (ВИДЕО)

Хидроксихлорокинот може да предизвика аритмија, но лекарот на Белата куќа вели дека „потенцијалната придобивка од третманот ги надминувала релативните ризици”.

Доналд Трамп кажа дека повеќе од една недела превентивно го користи лекот против маларија хидроксихлорокин, иако не е докажано дека тој помага против коронавирусот.

„Го пијам. Пред неколку недели почнав да го земам. Мислам дека е добар, слушнав позитивни работи за него“, рече Трамп и додаде дека „би биле изненадени од бројот на изложените работници што го користат“.

Трамп често го спомнуваше хидроксихлорокинот како лек што ќе се истакне во борбата против коронавирусот. Лекарите најчесто го користат за лечење ревматоиден артритис и лупус.

Многубројните клинички истражувања имаат цел да утврдат дали е ефикасен против коронавирусот, но засега нема потврда за тоа.

Хидроксихлорокинот може да предизвика и несакани ефекти кај пациентите, а Трамп го промовираше во борбата против ковид-19 и покрај советите на специјалистите.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.