Топ смартфони со најдобри камери во 2018-та

Британската агенција „Trusted Reviews“ одлучи да го сподели своето рангирање на најдобрите паметни телефони во 2018-та година, покажувајќи го квалитетот на сликите што ги прават.

На врвот се наоѓа „Huawei Mate 20 Pro“, по што следат „Google Pixel 3“ и неговата поголема верзија „Pixel 3 XL“. Третото место се доделува на уред од страна на кинеската компанија „Huawei“ – моделот „P20 Pro“.

Во рангирањето се наоѓаат и „iPhone XS“/„XS Max“ и корејскиот смартфон „Samsung Galaxy Note 9“.

Да се потсетиме дека „Huawei Mate 20 Pro“ има трикратна главна камера со резолуција од 40, 20 и 8 MP. Исто така е „вооружен“ со систем за вештачка интелигенција која препознава повеќе од 100 сценарија и 5.000 предмети, а притоа до 10 истовремено.

You May Also Like