Тереза Меј: Најлоша премиерка на сите времиња?

Тереза Меј се повлекува од водечкото место во партијата. Збогувањето за премиерката е горко, бидејќи не остава политичко наследство. Наместо тоа, Велика Британија е длабоко поделена. Политичките реакции по крајот на мандатот на Тереза Меј се кисели како оцет. Дали е најлошата премиерка од крајот на 18 век, кога Лорд Норт не ја спречи независноста на американските колонии? Или откако Невил Чемберлејн во 1930-те ја згреши политиката во однос на Хитлер? Историчарите уште не си го кажале своето, но критичарите на Меј сметаат дека нејзиното владеење е негативен период.

На почеток е надежта

На партискиот конгрес во 2002. Тереза Меј, која во тоа време беше генерален секретар, ги шокираше Конзервативците со својот говор. „Знаете како нѐ нарекуваат некои луѓе? Префриганата партија!“ Тоа беше по повторниот пораз од Лабуристите под водство на Тони Блер и беше сфатено како освежувачка доза искреност. Оттогаш Меј важеше за реформатор кој Ториевците може да ги ослободи од имиџот на грда заостанатост на една партија која е фиксирана на дополнително богатење на богатите и одржување на власт на британската елита.

Кога во 2016. стана премиерка по референдумот за Брегзит и откако Борис Џонсон и Мајкл Гоув со предавството си ги прокоцкаа шансите, Меј изгледаше како единствена дорасната на задачата меѓу куп непресметливи.

Со својот говор по преземањето на должноста таа ја потхрани таквата надеж. Таа наведе серија „горливи неправди”, како на пример тоа дека сиромашните во просек умираат девет години порано и дека правосудните органи се построги спрема црнците, дека децата од работнички фамилии имаат помали шанси да студираат и тоа дека жените заработуваат помалку од мажите на иста позиција. Таа сакала од Велика Британија да направи земја која ќе функционира за доброто на сите. Се чинеше дека во Даунинг Стрит се вселил социјален реформатор.

Please follow and like us:

You May Also Like