Тевдовски очекува банките да го зголемат кредитирање, банкарите резервирани

Да има поевтини извори за финансирање на стопанството за да се подобри бизнис климата. Ова е приоритет  на Владата, министерот Тевдовски вели дека и вчерашната одлука на НБРМ е во тој правец.

Осдновната камата по која банките ги креираат каматите од вчера е намалена на 2,5% и тоа се случува по втор пат годинава. Паднаа каматите и на државните записи. Некои банки веќе ги намалија каматите за подобрите комнитенти на околу 3%. Тевдовски очекува трендот да продолжи, а тоа ќе влијае на растот на економијата.

НБРМ вчера соопшти дека каматата паѓа заради поволните движења на девизнсиот пазар што упатува на солидна надворешна позиција и стабилни очекувања на економските субјекти.

Банкарите пак неофицијално велат дека при формирањето на каматните стапки освен основната камата во предвид се земаат и ризиците во стопанството, а такви уште има.

Please follow and like us:

You May Also Like