ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Твитер“ и „Фејсбук“ моментално не ги споделуваат информациите за корисниците од Хонг Конг

Двете големи технолошки компании го искажаа својот привремен став за нивните корисници од Хонг Конг, откако минатата недела беше воведен нов, државен и рестриктивен закон. Тие потврдиле за „Машабл“ дека моментално, престанале да одговараат на побарувањата за информации од страна на Владата на Хонг Конг, со цел детално да го разгледаат законот.

Главна причина за грижа е мерката, која активистите за човекови права сметаат дека е дизајнирана за да ја замагли слободата на говорот во Хонг Конг, но и е набрзина воведена и дозволува животна казна затвор за навреди кои се недоволно дефинирани.

„Земајќи предвид брзото воведување и одобрување на новиот Државен закон за безбедност во Кина, кој беше објавен во својата целосна верзија дури минатата недела, нашите тимови решија да го разгледаат законот, чии членови беа празни и без јасна дефинираност“, истакнал потпарол за „Твитер“ преку мејл.

„Твитер“ потврди дека ја преземал оваа мерка откако законот бил воведен.

„Како и многу други организации од јавен интерес, водачи на цивилно општество, разни ентитети и индустриски соработници, нашата компанија е загрижена поради развојот на настаните и воведување на законот“, истакнал потпаролот.

И „Фејсбук“ слично пристапил кон проблематиката.

„Постои глобален процес според кој ние ги ревидираме побарувачките на Владите, така што ја анализираме секоја побарувачка индивидуално, а предвид ги земаме и нашите полиси, локалните закони и интернационалните стандарди за човекови права. Моментално не одговараме на побарувачките за информации за нашите корисници од Владата во Хонг Конг, и очекуваме  понатамошна проценка за законот, вклучувајќи консултации со интернационални експерти за човекови права“, истакнале од „Фејсбук“.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.