Тајани: Брегзит може да се одлoжи за само неколку недели

Одлагање на Брегзит е можно, но само за неколку недели, изјави претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани. Тој оценува дека Британците одлучиlе оти сакаат да ја напуштат ЕУ, па „тоа е нивен проблем, а не наш“.Датумот на излегување на Велика Британија од Европската унија би можел да се пролонгира „најмногу за неколку недели“, максимално до почетокот на јули, кога ќе се состане новоизбраниот состав на Европскиот парламент, изјави првиот човек на ЕП, Антонио Тајани за медиумите од групата „Функе“. Одлагање на Брегзит е можно, но само за неколку недели, изјави претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани. „Во секој случај, Британците ќе мора да ни ја наведат причината за одлагањето, на пример дека тоа време им е неопходно за нови избори или за нов референдум“, вели Тајани. Тој оценува дека Британците одлучиле оти сакаат да ја напуштат ЕУ, па „тоа е нивен проблем, а не наш“.

Please follow and like us:

You May Also Like