Тачи: Србија веќе две децении губи од Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Србија веќе две децении губи на преговарачката маса од Косово.

Тој, гостувајќи во емисијата „Отворено“ на косовскиот Топ канал додаде дека Косово нема да прави компромиси со територијата, додека барањето за корекција на границите го окарактеризира како почитување на аспирациите на албанското население во Прешевската долина.

Тачи отфрли некои коментари во врска со мини-самитот во Берлин.

„Во Берлин не беше расправано за ниедна нова идеја, ниту беше негирана ниту погребена која било идеја за која досега се расправало. Единствената вистина за Берлин се објавените заклучоци“, кажа Тачи.

Претседателот на Косово повторно ги коментираше изјавите во врска со недостигот од координација меѓу ЕУ и САД.

„Ние имавме средба со американскиот амбасадор во Берлин и со Могерини и на овие состаноци беше јасно дека со САД немало координација. Без заедничко дејствување со Америка не е можно да се случи ништо значајно за нашиот регион“, кажа Тачи.

Please follow and like us:

You May Also Like