ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Тачи почнува разговори со партиите за да се формира нова влада

Претседателот на Косово, Хашим Тачи најви дека од понеделник ќе почне разговори со политичките партии кои се застапени во Собранието за да се формира нова влада. Во средата на собраниска седница во приштина по само 50-дена од формирањето му беше изгласната недоверна на тимот од премиерот Аљбин Курти.

Според најавите на претседателот Тачи, негова залаожба ќе биде да се избегне сценарио со нови избори. Тој се надева дека актуелниот состав нба Собранието на Косово дека ќе може да формира мнозинство за избор на Влада.

-Сегашната Влада функционира како техничка и ќе ги извршува своите надлежности според уставот и законите. Мојот фокус ќе биде да создадеме стабилност, единство како би успеале во нашите потреби и неопходни реформи – изјавил Тачи при посетата на Студентскиот центар во Приштина, кој е адаптиран во карантин за лицата повратници од странство во битката против ширењето на коронавирусот.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.