ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Тачи обвинет од Специјалното обвинителство во Хаг, и Хоти го откажа патот за Вашингтон

Официјален претставник од Стејт департментот објави дека покренувања обвинителни акти се резултат од „20 годишен период“ и се чекор напред во процесот кон правда и помирување на Западниот Балкан.

И косовскиот премиер Авдулах Хоти го откажа патот за Вашингтон, еден ден порано, тоа го стори и претседателот на Косово Хачим Тачи.

Хоти преку Твитер наведе дека „поради новите околности во Приштина, како резултат на Судот во Хаг, мора да се врати во земјата и да се справи со ситуацијата“. Тој појасни дека го информирал специјалниот пратеник на Белата куќа Ричард Гренер дека нема да може да допатува во Вашингтон на 27-ми јуни.

Косовскиот претседател Хашим Тачи и уште девет други поранешни борци на ОВК се обвинети за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, од страна на Специјалниот обвинителство во Хаг.

„10-ти осомничени се обвинуваат за речиси 100 убиства, киднапирања, прогон и мачење, меѓу нив косовски Албанци, Срби и Роми“, се вели од Хаг.

Обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на обвинителството дека може да ги докаже вон разумен сомнеж сите обвиненија содржани во неа“, соопшти обвинителството во Хаг.

Официјален претставник од Стејт департментот објави дека покренувања обвинителни акти се резултат од „20 годишен период“ и се чекор напред во процесот кон правда и помирување на Западниот Балкан, особено за воспоставување владеење на законот и правда за жртвите во Косово, како ѝ да е придвижи земјата по овој турбулентен приод кон евроатланската заедница.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.