Тачи најави дека Косово и Албанија ќе бидат една држава, без граници

Косовскиот претседател Хашим Тачи вчера во Крума, Албанија, рече дека на албанскиот народ никогаш досега не му било подобро.

Тој, како што пренесе РТК, рече дека мисијата на Косово за слобода и независност не е доволна, дека Албанците се неправедно поделени, дека сега треба по своја волја да се обединат „и дека дојде времето паметно да се работи на отстранување на граничните премини меѓу Косово и Албанија, кои се неправедно наметнати“.

Тачи во својот говор по повод прогласувањето за почесен граѓанин на Крума рече дека во блиска иднина, Косово и Албанија ќе живеат заедно, без граници.

Тачи рече и дека ќе ги продолжи напорите за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац на Косово, што, според него, ќе се постигне без да се доведе во прашање ни милиметар од Косово, езерото Газивода и Трепча.

„Бидете сигурни дека е далеку полесно да се оствари сонот за една територија без граници меѓу Косово и Албанија отколку што беше предизвик заминувањето на Србија од Косово. Ова ќе се случи“, заклучи Тачи.

Please follow and like us:

You May Also Like