Таблата со Северна Македонија назад или кривична одговорност и разрешување за министерката Мизрахи

Откако Грција реагираше со протестна нота, министерот за надворешни работи и порача на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи да ја врати назад таблата со Северна Македонија која што ја отстрани во петокот или кривично ќе одговора.

Прв прекршување на договорот од Преспа направил техничкиот министер за внатрешни, Наќе Чулев, се наведува во реакцијата на грчкото МНР кое пред јавноста го соопшти министерот за надворешни работи Никола Димитров и побара од претседателот на владата Оливер Спасовски да отпочне постапка за разрешување на Мизрахи.

Димитров ја објасни штетата која Мизрахи ја прави врз односите на двете држави а со нејзиното однесување кршејќи го уставот се соочува и со кривична одговорност.

Во петокот, Мизрахи одржа прес конференција со старата табла во позадина на кое стои само Република Македонија.

На прозивките на Димитров, Мизрахи кусо одговри дека се смешни и неосоновани.

„Обвинувањата се смешни. Тој може да споменува што сака но јас не стравувам од кривично гонење бидејќи не сум сторила кривично дело.“ – вели техничката министерк, Рашела Мизрахи.

За барањето на Димитров сеуште се нема изјаснето техничкиот премиер Оливер Спасовски дали ќе поднесе предлог до собранието за разрешување на Мизрахи.

Прашан, пак, Димитров дали тој ќе реагира до грчката страна за почитување на договорот и менување на таблите со новото име на државата, Димитров рече дека реагирал и очекува побрзо имплементирање на обврзувачкиот за двете страни – преспански договор.

Please follow and like us:

You May Also Like