СЈО ќе добие неограничен мандат, но без бомбите како докази

СЈО ќе добие неограничен мандат, но како обвинителство во рамки на редовното, на чело со Љубомир Јовески. Веќе отворените предмети ќе продолжи да ги застапува, но без бомбите како докази.

Клучната новина во предлогот Законот за Јавно обивнителство е што Специјалното јавно обвинителство ќе добие надлежност да продолжи да ги води и предметите што ги отвори по јуни 2017-та, кои беа оспорени со начелното мислење од Врховниот суд.. Но, во овие истраги СЈО нема да може да ги користи бомбите како докази.. Ова би значело дека предметот Талир, кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, како и слуачите во кои се осомничени АЛи Ахмети, Бујар Османи, Зоран Стврески, Антонио Милошоски и Стевчо Јакимовски, ќе дочекаат судење само доколку СЈО обезбеди материјални и друг вид докази.. Во рацете на СЈО останува и случајот Империја во кој обвинети се вчера ослободените од притвор Орце Камчев и останатите од групата. И во овој случај бомбите нема да може да се користат како докази, но СЈО неодмна на брифинг уверуваа дека поседуваат доволно материјални докази, обезбедени меѓу другото и со меѓународна правна помош..

Исто така, СЈО ќе има рок до септември 2020 година да ги слуша бомбите и дотогаш да ги искористи само како индиции за сторени кривични дела.

„Материјалите од незаконското следење на комуникациите специјалното јавно обвинителство може да ги обработува најдоцна до 15.09.2020 година и истите може да се користат како доказ само во предметите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 година“. – стои во Членот 105 од Законот за Јавното обвинителство пропишува:

Законот предвидува бомбите кои не се дадени како докази во судовите да се чуваат во Специјалното јавно обвинителство една година по правосилното завршување на сите постапки, а потоа да бидат уништени согласно одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки..

Доколку предлог законот биде усвоен, СЈО во идина ќе биде дел од редовното обвинителство, но автономно и задолжено да гони висок профил на корупција и криминал, однсно ќе биде задолежно за гонење на избраните или именувани функционери.. Државниот обвинител нема да има право да им одземе предмети, но ќе одлучува во случај на судир на надлежности на СЈО со останатите обвинителства, како на првимер тоа за органзиран криминал и корупција.

Мандатот на Јанева предвидено е да трае уште една година.. Следниот специјален обвинител со мандат од 4 години би го бирал Советот на јавни обвинители, а не собранието…

Please follow and like us:

You May Also Like