ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Судири пред Белата куќа, неколку американски градови под полициски час (ВИДЕО)

Доцна во неделата пред Белата куќа полицијата употреби солзавец на демонстрантите кои повторно излегоа на улиците да го изразат гневот поради полициската бруталност, неколку градови во САД се ставени под полициски час со цел да се задушат немирите.

Трамповата администрацијата ги прогласи за домашни терористи поттикнувачите на шест ноќните немири. Меѓу демонстрантите и полицијата се одвиваа повеќе конфронтации, како и грабежи.

Во мал парк покрај Белата куќа повеќепати избувнале насилни судири, при што властите употребиле солзавец, спреј од бибер и флеш гранати, за да ја растераат толпата која запалила неколку големи пожари и оштетиле имот.

Локалните американски лидери апелираа до граѓаните конструктивно да го пренасочат својот гнев поради смртта на невооружениот црнец во Минеаполис, додека ноќни полициски часови биле наметнати во неколку градови вклучувајќи ги Вашингтон, Лос Анџелес и Хјустон.

Строго надгледуван протест бил тој пред главниот град Сент Пол каде неколку илјади луѓе се собрале, пред да се упатат кон автопатот.

„Имаме црни синови, црни браќа, црни пријатели, не сакаме да умрат. Уморни сме од ова да се случува“, рече Муна Абди, 31-годишна црна жена на протестот, додавајќи „Уморни сме од угнетување“.

Стотици припадници на полицијата и Националната гарда биле распоредени пред протестот.

Во еден момент, дел од демонстрантите кои пристигнале до мостот биле принудени да се засолнат кога налетал камион со голема брзина откако очигледно ја прекршил барикадата.

Возачот бил однесен во болница откако демонстрантите го истуркале од возилото, нема непосредни извештаи за други жртви.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.