Студеничани и Сопиште без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците на општина Студеничани и Сопиште.

„Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица 1 во место викано Чупријан во село Батинци, општина Студеничани.

Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Говрлево, Долно и Горно Соње, Чифлик, Света Петка, Сопиште и Ракотинци, во општина Сопиште“, информираат од ЕВН.

Please follow and like us:

You May Also Like