Столтенберг: Трамп му е посветен на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп му е посветен на овој сојуз и оти неговата „јасна порака“ до членките за издвојување пари за Алијансата дава резултат. Трамп претходно навестуваше дека би можел да ги повлече САД од НАТО доколку другите членки не издвојуваат доволни пари за Алијансата. Столтенберг за „Фокс њуз“ рече дека членките на НАТО го послушале Трамп и оти сега ситуацијата била поинаква.

Please follow and like us:

You May Also Like