ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Стигна честитката од Меркел до Заев: „Фолксваген„од Македонија побегна во Србија?

The Volkswagen Group, Intel's Mobileye and Champion Motors on Monday, Oct. 29, 2018, announced plans to deploy Israel’s first self-driving ride hailing service in 2019. The Volkswagen Group will provide the electric vehicles and bring in its in-depth knowledge and competency about design and deployment of user-centered mobility services. (Credit: Volkswagen Group)

Германскиот гигант Фолксваген сепак се одлучи да отвара фабрика во Србија, наместо во Македонија како што се надеваше премиерот Зоран Заев.

Премиерот на Република Македонија толку многу беше убеден дека Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген„ ќе се одлучи да гради фабрика во Македонија, дури и на прес конференцијата која ја имаше во скоро време кажа дека е сигурен дека во Македонија ќе дојде една голема инвестиција од Германија, на која ќе и се израдуваат граѓаните.

» Утрово добив честитка од Ангела Меркел и таа вети дека ќе помогне во земјава да дојде голема германска инвестиција од Фолксваген, која бара локација во регионот.

Но сепак од неговите соништа нема ништо и Германскиот гигант за коли одлучи да гради нова фабрика во Србија.

Неофицијално, најголемиот произведувач на автомобили се одлучи да отвори фабрика во Србија а во конкуренција беа Македонија, Бугарија, Романија и Турција. Иако како за фаворити за добивање на оваа инвестиција долго беа Бугарија, германската компанија ја избра Србија.

Не беше тајна дека Германците планираа да изградат фабрика во овој дел од Европа. Тие и повеќе пати јавно зборуваа, но беше дилема во која земја ќе се градеше. Романија и Бугарија се членки на Европската унија, па се очекуваше дека можеби во овие од две земји ќе се отвореше фабриката.

Групацијата „Фолксваген“ поседува вкупно 119 производствени погони во 20 земји во Европа и во 11 земји во Северна Америка, Јужна Америка, Азија и Африка, а вкупниот број вработени изнесува 592.586. Во ноември 2016 година, „Фолксваген“ постигнал договор со синдикатот за укинување на 30.000 работни места до 2021 година, со цел да ја зголеми профитабилноста.

Не се знае уште каде точно ќе се гради во Србија оваа фабрика, но како што потенцираше повеќе пати претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, најверојатно ќе биде во Шумадија.

Новата фабрика од Фолксваген би требало да има капацитет од 300.000 автомобили годишно и таа на Српскиот буџет ќе донесе 4,5 милијарди евра. Во Србија би требало да се произведуваат 5 модели од Фолксваген, Шкода, Сеат, односно марки на возила кои се составни дел од Германската фирма.

Планирано е да оваа фабрика има 5.000 вработени, а од нив дури 650 инженери. Како еден голем битен фактор за изградбата на оваа фабрика е фактот дека Србија располага со 10 % од светската залиха на литиум, од кои се прават батерии за електро автомобили. Новата фабрика ќе произведува класични автомобили, но сигурно ќе биде и организирана продукција на електро возила

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.