Стефанова повикана на сведочење во Јавното обвинителство

Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ на СЈО, е повикана на сослушување во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“, потврди за МИА Јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Стефанова вчера беше спомената во снимените разговори што ги објавува интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, но таа го отфрли како невистинито искажаното од Јордан Камчев дека преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец му барала дуќан за стоматолошка ординација.

По Стефанова, на сослушување треба да биде повикана и Јанева, која денеска не ја негираше автентичноста на објавените разговори, но посочи дека преговарала со Камчев за стане сведок-соработник во нова предистрага.

Please follow and like us:

You May Also Like