Стефанова: Без Закон за Јавно обвинителство оставаме простор на криминалот

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова која го води предметот за изборни нерегуларности „Титаник“ рече дека колегиумот на обвинители на СЈО ќе ги разгледа сериозните укажувања на адвокатите на обвинетите во предметот и ќе се произнесе за тоа дали по притворот на Катица Јанева обвинителите на СЈО имаат овластувања да ги застапуваат обвинението.

„Јас лично мислам дека имам овластување да ја водам постапката но сакам да дадам простор да размислиме.

СЈО се наоѓа во најтешката состојби од основањето и затоа апелирам сите политичари да седнат и да го донесат Законот за јавно обвинителство за да немаме прекини во постапките, имаме и сериозни истраги, а без закон дозволуваме да се отвори прашањето за нашите овластувања и оставаме простор на криминалот“ рече Стефанова откако судењето за Титaник беше одложено за 4 септември.

Стефанова негираше дека може да пропаднат сите судски предмети што ги застапува СЈО.

„Нема можност судските предмети да бидат прекинати, на сите тие работеа десет обвинители од СЈО и верувам дека сите се сработени како што треба, рече Стефанова.

На новинарско прашање дали сега се оградува од Јанева, Стефанова кажа дека никогаш не и се приближила..

„Јас никогаш не и се приближив на Јанева, од самиот старт се оградувам.

На ова гледам како на расчистување на криминалот и треба да бидеме горди на тоа, без разлика што се работи за шеф на СЈО, рече Стефанова

Додека да се донесе новиот закон за ЈО, Стефанова укажува дека има неколку опции за да се обезбеди нормално функционирање на СЈО, а кои ги нуди Законот за ЈО меѓу кои и избор на в.д обвинител.

„Титаник“ е во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Please follow and like us:

You May Also Like