ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Србија: Гласачко место и ковид-амбуланта во иста зграда

Гласачко место и ковид-амбуланта во Крагуевац се наоѓаат во иста зграда, објави телевизијата Н1 повикувајќи се на локалните медиуми.

Екипа на порталот „Медиумите се гласот“ (glassumedije.rs) била изненадена од големиот одзив на гласачите во утринските часови, но во разговор со граѓаните сфатиле дека станува збор за пациенти кои дошле во ковид-амбуланта, а не гласачи.

На агенцијата Бета, пак, им одговориле дека амбулантата има посебен влез, а гласањето се одвива во друг ден од зградата и е потполно безбедно.

Инаку, Републичката изборна комисија (РИК) соопшти дека до 14 часот излезноста на изборите била 26,11 отсто.

Гласањето започна утрово во 7 часот и ќе трае до 20 часот. Право на глас имаат 6,5 милиони граѓани кои ќе избираат пратеници во Собранието каде има 250 места. Паралелно се одржуваат и локални избори односно се избираат општинските совети и градоначалници, а во покраината Војводина има избори и за Покраинското собрание.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.