Спротивставете се на незаконските постапки на кои ве тераат, не одете против својот народ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот масовен митинг им се обрати и на припадниците на МВР и на Армијата. На припадниците на МВР им посочи да не прифаќаат притисоци и да не одат против својот народ.

До овие овде со нас чесни луѓе, но и тие што се на терен. Сакале да признаете или не, знам дека ви ги врзаа рацете, да молчите пред криминалците, да ја заобиколувате правдата. Не затоа што тоа го сакате, туку затоа што на тоа ве тераат. Но ве молам од срце, не прифаќајте притисоци, спротивставете се на сите незаконски постапки на кои ве тераат. Не одете против својот народ. Ние сме ваши пријатели, а вие сте чесни луѓе чија судбина е притисната од нечесни раководства на власта. И знам дека и вас ве изневерија. Ве измамија. Нема ништо од новата опрема, од покачувањето на плата, нема ништо од вашите барања. Но, и тоа ќе се смени, ви ветувам. Морате да имате сигурност која сега ја немате. А по промените, вие ќе сте најзначајниот дел од алката која ќе мора да донесе правда во Македонија, порача тој.

Мицкоски упати и силна порака и до припадниците на македонската Армија.

Вие сте нашата гордост. Секогаш ја имате нашата доверба, а вие враќате со вашата професионалност и сериозна посветеност. Сетете се на заклетвата која ја дававте, и знамето под сонцето пред кое се заветивте дека ќе служите. Македонија е ова. Затоа ајде да одбереме претседател кој ќе биде на вашата страна, кој ќе се бори за подобри услови, повисок стандард и труд кој ќе биде ценет. Ајде заеднички да ја одбереме Гордана Силјановска Давкова, истакна Мицкоски.

FacebookTwitterEmail

 

Please follow and like us:

You May Also Like