Спиете ли мирно, г. Вељаноски, оти ја знаете вистината за 27 април, а не ја кажувате, го праша Кољо бившиот претседавач

Спиете ли мирно, господине Вељаноски, и имате ли малку грижа на совест за сите нас што сме овде во судницава, бидејќи ја знаете цела вистина за 27 април, а не сакате да ја кажете овде пред сите?”, го праша обвинетиот Никола Митревски Кољо поранешниот собраниски спикер откако тој го заврши својот исказ за настаните од 27 април.

Но Вељаноски не одговори на ова прашање бидејќи судот го прифати приговорот на адвокатката на обвинетиот Горан Ѓошевски, Ружица Николовска, дека прашањето е за личните емоции, а тие биле небитни за постапката.

Обвинетиот Кољо го праша Вељаноски дали и кој им дал наредби на пратениците да ги отворат вратите, на што поранешниот собраниски спикер рече дека таква наредба тој не дал никому и дека не можел да зборува во име на пратениците за тоа дали некој им дал наредба.

Вељаноски зборуваше и за тоа кој нему му отворал врата и рече: „Нормално дека обезбедувањето мене ми ја отвора вратата, да не сакате јас да им отворам врата на нив?”.

Обвинетиот Кољо го праша сведокот Вељаноски и за тоа дали ќе се согласи со него дека од врвот на тогашната власт било направено целото сценарио и дека народот бил искористен од високи структури на власта.

На ова Вељаноски му возврати на Кољо дека тоа е негова констатација и дека за него како претседавач било важно да почне и заврши седницата и согласно Деловникот да биде избран претседател на Собранието.

„Ќе се согласите ли со мене дека собраниското обезбедување беше во многу мал број и полицијата не презема ништо“, го праша обвинетиот Кољо сведокото Вељаноски.

На ова тој одговори дека ако претседателот на Собранието се грижел и за тоа колку обезбедување има и што правела полицијата, тогаш требало да им ги преземе надлежностите на МВР.

Обвинетиот Кољо постави уште прашања меѓу кои и тоа дали пратениците не си ја завршиле работата на 27 април и го оставиле народот да ја заврши наместо нив, на што доби одговор од Вељаноски дека работа на пратениците е да гласаат закони дека тие си ја завршиле својата работа.

Кољо побара од Вељаноски да кажа дали било погрешно тоа што Мукоски и Василевски ги отвориле вратите и дека немало внатрешно обезбедување, на што Вељансоки одговори дека не бил тука да каже кој ги отворил вратите.

Обвинетиот Кољо серијата на прашања ја заврши со зборовите: „Очигледно не сте биле претседавач тој ден и не сте знаеле кој ви ги отвора вратите на 27 април во Собранието.“

 

Please follow and like us:

You May Also Like