Со фалсификуван потпис на Костовски се барало да се уништи опремата за прислушување во УБК

На денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ беше презентиран доказ, односно документ со кој  се барало да се уништи опремата за прислушување во УБК.

Документот, бил потпишан од тогашниот инженер во УБК, Звонко Костовски, а испратен до Горан Грујевски, тогашниот шеф на Петтата управа.

-Вакво писмо е нсправено за да се докаже дека има потреба да се уништи опрема и затоа што зафаќа многу простор за чување, рече обвинителот Ајтан Ајро.

Откако доказот му беше презентиран на Костовски, тој истакна дека не го изготвил ова писмо, односно дека е фалсификувано.

-Ваков документ јас немам изготвено. Потписот е мој, но е вметнат од друг документ, рече сведокот, кој го аргументираше своето тврдење со посочување на технички грешки и пропусти во писмото.

Тој додаде и дека писмото е од 21. 11.2014 кога Горан Грујевски бил доктор на правни науки и затоа било незамисливо некој да се обрати до него и да го ослови со звање магистар, како што е во писмото.

-Исто така погрешно е напишан називот  на Одделот.
Целиот начин на изразување во овој текст на никој начин не соодвестува со документите кои јас сум ги изработувал. И има повеќе граматички грешки кои јас не би ги направил никогаш. На пример каде има сврзник а не е ставена запирка. Во следниот пасус пишува во повеќе наврсти бевме сведоци на не соодветно чување, а според правописот несоодветно треба да биде напишано заедно, рече Костовски.

Уништувањето на опремата за прислушување е исто така дел од предметот „Таргет-Тврдина“, како што е и нелегалното прислушување.

Please follow and like us:

You May Also Like