ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Со третиот пакет мерки 550 милиони евра помош за граѓаните и стопанството

Викенд  без ДДВ на крајот на август, само за оние кои скенираат фискални.

Оваа мерка од третиот пакет економска поддршка која предизвика и најголемо внимание во јавноста, всушност ќе значи поголем поврат на ДДВ за скенирачите, уверува советникот во Владата Фатмир Битиќи.

Најверојатно тоа ќе значи дека граѓаните кои скенираат фискални, платениот ДДВ: во продавниците за облека, бела техника, мебел и училишен прибор… ќе го добијат назад на својата сметка, исто како и преку проектот Мој ДДВ.

Експертската јавност, сепак гледа одреден ризик во оваа мерка. Според универзитетскиот професор Борче Треновски, – „викендот“ може да влијае негативно врз рационалното однесување на граѓаните, како и фискалната дисциплина.

А, за да ја стимулира домашната потрошувачка, државата ќе дели и платежни картички од 3 и 9 000 денари за купување домашни производи. По 150 евра ќе добијат сите невработени и приматели на гарантирана минимална помош, кои немаат приходи поголеми од 15 000 денари. Додека по 100 евра за летување и 50 евра платежна картичка – сите работници со ниски примања

Според експертите најважно е картичките да стигнат во правите раце.

За третиот сет економски мерки, кои се насочени кон граѓаните и потрошувачката, Треновски вели дека се во насока на мерките кои ги носат и другите држави, но според него се уште има простор да се инјектираат повеќе пари и за дополнителна поддршка на малите бизниси.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.