Софија и официјално го призна членството на Северна Македонија во НАТО

Бугарскиот парламент официјално го рафикуваше протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Ратификацијата беше изгласана едногласно од страна на 139 пратеник, но во пленарната сала не беше присутен ниту еден пратеник од опозицијата.

Според вицепремирката и министерката за надворешни  Екатерина Захариева, придружувањето на Северна Македонија кон НАТО е историски за Алијанса.

  • Бугарија е постојан поддржувач за влезот на Северна Македонија во НАТО. Бугарија го прифати ангажманот да работи на забрзување на процесот за евроатлантска интеграција на земјата, како и за внатрешни реформи, и за стабилизирање на регионот, рече Захариева. Таа посочи дека политиката на проширување на нато се смета за еден од најуспешните инструменти за просперитет.

На пленарната седница присуствуваше и спикерот, Талат Џафери кој е во официјална посета на Бугарија.

Тој имаше средбта со неговата бугарска колешка Цвета Карајанчева, која истакнала дека Бугарија ќе продолжи со поддршката за напорите на Северна Македонија за европските и евроатлантските инетеграции. Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија.

You May Also Like