Состанок на Вучиќ и Ердоган: „Турција ќе им помага на балканските држави да соработуваат“

Претседателите на Србија и Турција, Александар Вучиќ и Реџеп Таип Ердоган, ја оценија соработката меѓу двете земји како исклучително добра и истакнаа дека Белград и Анкара споделуваат исти цели и интереси во билатералните односи – надминување на проблемите од минатото и воспоставување мир и стабилност на Балканот.

„Нашата соработка е на исклучително ниво. Турција ќе продолжи да дава поддршка и стабилност на Балканот и да игра конструктивна улога за помош на земјите од регионот да ги остават проблемите зад себе и да соработуваат“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со Вучиќ.

Ердоган денеска ја почна дводневната посета на Србија, во чии рамки се очекува да бидат потпишани девет договори од областа на безбедноста, одбраната, културата, образованието, индустријата и технологијата.

Двајцата претседатели оценија дека е зголемена економската соработка помеѓу двете земји и најавија почеток на заеднички проекти.

Вучиќ и Ердоган утре ќе бидат домаќини на трилатералниот состанок Србија-Турција-Босна и Херцеговина.

Please follow and like us:

You May Also Like