ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Словенечката НЛБ Банка ја презема најголемата српска банка

Според „Вечерни новости“, српската влада донела одлука да ја прифати понудата на словенечката Нова љубљанска банка (НЛБ) за преземање на најголемата српска државна банка Комерцијална банка а.д. Белград.

Дури ни рекордната 2019 година во која Комерцијална банка а.д. Белград заработи 75,3 милиони евра не беше доволна за да ги предомисли носителите на оваа одлука да го променат мислењето, туку тие се решија да ја комплетираат продажбата до крај.

Словенечката НЛБ Банка ќе добие финансиска институција која покрива скоро 11 проценти пазарно учество од домашниот банкарски пазар.

Иако се шпекулира дека Нова љубљанска банка (НЛБ) понудила 450 милиони евра, овие информации сеуште не се потврдени.

Како и да е, јасно е дека Словенците понудиле поголема сумa од „АИК банка”, од српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ како втор и „Raiffeisen bank” како трет понудувач.

„Вечерни новости” потврди дека преговарачкиот процес е завршен и дека се очекува договорот да биде потпишан наскоро. Покрај во матичната земја во Србија, најголемата српска државна банка работи и на територијата на Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во Република Српска, Комерцијална банка а.д. Белград се позиционираше како шеста банка.

Неодамна, Банката отвори експозитура во градот Дрвар за време на посетата на претседателот Александар Вучиќ. Вработува 4.000 лица и отвори сметки за сите 100 работници во новоотворената фабрика „Jumko“.

За да се добие мнозинска контрола над Банката, државата им исплати на акционерите со мал удел нешто повеќе од 260 милиони евра во 2019 година за да се стекне со 41,47 проценти од сопственоста.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.