Сите очи вперени во Брисел, Макрон не попушта

Канцеларката Меркел која е најголем поборник на проширувањето и еден од најголемите сојузници на Македонија за добивање на датум за преговори, се чини дека денеска ни ги сруши и последните надежи . Утрово на прес-конференција во Бундестагот соопшти дека шансите не се добри.

Макрон не отстапува – прво ЕУ да ги реши своите проблеми, а потоа можеби и проширување

И претседателот на европскиот совет пробал да го омекне францускиот претседател, но според извори од Брисел, Макрон му го повторил истиот став. Франција според истите извори дури не сакала да се разговара на овој Самит за проширувањето, но Туск инсистирал темата да се отвори затоа што во прашање е кредибилитетот на ЕУ на Блаканот.

Kaj Франција извесно време постои скепса за проширувањето. Официјален Париз беше непоколеблив и за време на подготвителниот министерски состанок пред овој самит.
Макрон вчера уште еднаш појасни дека внатре во ЕУ работите мора да се подредат правилно, а без тоа нема прием на нови членки. Тој веќе некое време се залага за поголема централизација на Унијата, но се уште нема голема поддршка од останатите земји членки.

Please follow and like us:

You May Also Like