ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СЗО: Новиот коронавирус најверојатно потекнува од лилјаците

Тимот на Светска здравствена организација кој го истражува потеклото на COVID-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник.

Тимот имаше опширни разговори со кинеските колeги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошките и генетските анализи и ветеринарни истражувања, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.

Тој додаде дека имало и видеоразговори со виролозите и научниците од Вухан.

Епидемиологот Мајк Рајан од СЗО вчера истакна дека се можни изненадувања.

– Фактот дека алармот се запали во Вухан не значи дека заразата преминала од животно на човек, посочи Рајан.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.