ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СЗО: Епидемиолошката состојба на Балканот е алармантна и загрижувачка

Според Светската здравствена организација, епидемиолошката состојба и трендот на зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во јужниот дел на Европа и на Балканот се загрижувачки. Шефот на секторот за вонредни ситуации при СЗО, Мајкл Рајан, ризик од ширење на инфекцијта со Ковид-19 во овој дел на Европа се уште трае.

– Иако западноевропските држави успеаја да ја стават епидемијата под контрола, загрижувачки се трендовите што се појавија во Јужна Европа и на Балканот. Се уште не сме ја напуштиле зоната на ризик во Европа. Епидемиолошката ситуација бара да продолжиме да бидеме внимателни, потенцираше Рајан.

Според последните податоци, Црна Гора од денеска повторно прогласи епидемија  откако драстично се зголеми бројот на заразени. Во изминатите 24 часа има двајца починати пациенти, поради што Владата донесе одлука за враќање на дел од рестриктивните мерки, па носењето маска ќе биде задолжително и во затворено и на отворено, а јавните собири се ограничуваат на 40 луѓе. Ноќните клубови не смеат да работат и забрането е организирање свадби и други приватни забави. Во БиХ, пак, денеска беа потврдени рекордни 324 нови случаи од почетокот на епидемијата. Најголем број новозаразени лица има во Сараево, каде вирусот е потврден кај уште 67 лица, а две лица кои биле хоспитализирани поради инфекцијата починале. Уште една жена заразена со коронавирус починала во болница во Мостар.Истовремено, тој потенцира дека дефинитивно епицентарот на пандемијата момнетално е во САД и во Јужна Америка, но и дека се интензивира ширењето на вирусот во Африка.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.