Се урна хеликоптерот на сопственикот на Лестер

Иако полицијата и седум часа по несреќата со хеликоптерот не ги објави имињата на жртвите, Лестер веќе почна да тагува по Вичаи Шриваданапраба, сопственикот на фудбалскиот клуб кој неодамна беше неверојатен шампион од Премиер лигата.

Како и по секој меч, хеликоптерот на сопственикот пристигна на центарот на стадионот „Кинг пауер“ по тешко избореното 1:1 реми против Вест хем, пред да полета од центарот. Сопственикот обично се враќаше со хеликоптер во Беркшајр, во близината на Лондон, во неговиот англиски дом. Според официјалните вести, хеликоптерот паднал на еден паркинг во близината на стадионот по проблеми со моторот.

Шриваданапраба, кој е сопственик на ланецот продавници „Кинг пауер“ и петти најбогат човек од Тајланд, го купи Лестер во 2010 година за 39 милиони фунти од Милан Мандариќ во моменти кога тимот беше во втората лига и ги обезбеди средствата со кои Лестер во 2016 година ги победи шансите кои им ги даваа обложувалниците (5.000-1) за титула од Премиер лигата.

Кун Вичаи, како што го викаа во Тајланд, секогаш бил зад своите фудбалери. Кога Лестер се врати во Премиер лигата, тој го покани цел тим на кавијар и вино во врвен ресторан во Лондон, по што им даде на секој фудбалер и член на тимот чип од 10.000 фунти за обложување во казиното во близина. Кога Лестер станаа неверојатни шампиони, сите фудбалери добија БМВ и8 со вредност од над 100.000 фунти.

Please follow and like us:

You May Also Like