СЕ УРНА АВИОН ВО ЗРЕЊАНИН: Авионот по падот се забил два метри во земјата, пилотот починал

Авион при акробатски лет ненадејно паднал и се забил околу два метра под земјата.

Пилотот на авионот и претседател на аероклубот Зрењанин, четириесет и седум годишниот, Владимир Булат го загубил животот во несреќата.

Претходно, директорот на Центарот за истражување на сообраќајни несреќи на Србија, Небојша Петровиќ  рече дека авионот “zlin 526F” паднал во 8:30 часот на аеродромот Ечка, пренесуваат медумите од регионот.

Авионската несреќа беше пријавена на полицијата малку пред 9 часот, а наскоро пристигнаа и возила на итната медицинска помош.

Please follow and like us:

You May Also Like