Се распадна австриската влада

Австрискиот канцелар Себастјан Курц поради скандалот во кој е вплеткан коалицискиот партнер Партијата на слободата на Австрија (ФПО) најави дека нови избори ќе се одржат „во најкраток можен рок“.

Австрискиот вицеканцелар и лидер на ФПО Хајнц Кристијан Штрахе поднесе оставка претходно денес по објавувањето на тајно снимено видео кое покажува дека на Руси нудел помош во добивање вносни тендери во замена за политичка поддршка на својата партија.

„Жал ми е. Тоа беше глупаво, неодговорно и една голема грешка и затоа на канцеларот Курџ му ја понудив својата оставка која тој ја прифати“, кажа Штрахе на прес-конференција во кабинетот на вицепремиерот.

Курц со распуштање на владата реагираше на таканаречениот Ибица скандал и објавувањето на видеото во кое Штрахе и неговиот соработник Јохан Гуденус на наводна руска претприемачка летото 2017 во вила на Ибица ѝ понудил погодности при доделувањето на јавни тендери ако финансики ја помогне ФПО да дојде на власт.

Штрахе објасни дека под влијание на алкохол сакал да ја импресионира наводната руска претприемачка и поради тоа ѝ се извинил на својата сопруга.

Иако Штрахе инсистира дека не го прекршил законот, призна дека станува збор за „крајно непријатна, пијана афера“.

„Се однесував како тинејџер и со тоа ја повредив личноста која најмногу ми значи“, кажа Штрахе.

Тој на почетокот на обраќањето до јавноста обвини „странски разузнавачки служби“ дека стојат зад скандалот со видеото кое вчера го објавија германски Шпигл и Зидојче цајтунг.

„Ова е политички атентат кој го исценираа странски тајни служби“, кажа Штрахе.

Please follow and like us:

You May Also Like