Седум новозаболени во Ново Лисиче – сипаници го косат Скопје

Мали сипаници го косат Скопје. По прогласувањето на епидемија заради заразени деца во градинката во Радишани, морбилите се раширија и во другите населени места. Најмногу случаи има во Ново Лисиче. Таму само денес се регистрирани 7 новозаболени. Официјална потврда за точната бројка ќе стигне по анализите на крвта на децата кои ги имаат симптомите на болеста. Сите тие оделе во иста група во градинката Сонце во Ново Лисиче.

Речиси сите заразени се деца, но најстариот кој е 33 годишен кој бил во контакт со едно од децата. Сите тие биле невакцинирани. Моментално 13 се хоспитализирани, а од почетокот на епидемијата која ја прогласи Министерството за здравство на 16 декември, вкупно 22ца биле згрижени во болнички кревет.

Од 16 декември до денеска (10 јануари) вкупно 22 лица биле хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје. Од нив, 13 лица се уште се хоспитализирани, а 9 се веќе пуштени на домашно лекување. Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а најстариот има 33 години од Скопје. Најмногу заболени има во населбата Ново Лисиче (општина Аеродром) – вкупно 9 деца, велат од Министерството за здравство.

Здравствените власти постојано апелираат да се вакцинираат сите деца кои не примиле доза од МРП.

Досега во вакциналните пунктови биле боцнати 1.700, а и министерот Филипче на фејсбук се пофали дека ја вакцинирал својата внука. Со тоа тој се обиде да ги отфрли сите сомнежи за квалитетот и безбедноста на вакцините.

Please follow and like us:

You May Also Like