Северна Македонија му дозволи на Алексис Ципрас да учествува на кинеската иницијатива 16+1 во Дубровник

Грција и грчкиот премиер Алексис Ципрас од оваа година ќе може да учествуваат на Самитот на Кина со земјите од Источна и Југоисточна Европа кој започнува денеска во Дубровник познат како Иницијатива 16+1. Истиот самит се преименува во „17+1“ затоа што за прв пат ќе учествува и Грција, која на претходните собири не се пријавуваше поради тоа што Македонија таму беше примена под нејзиното старо уставно име. Сега јужниот сосед го пријави своето учество откако беше спроведен Преспанскиот договор и Македонија доби ново уставно име кое јужниот сосед го признава.

На деветиот самит кој е замислен како инвестиционен форум од страна на Кина ќе учествува и македонскиот премиер Зоран Заев.  Според Фајненшл тајмс, Ципрас овој месец ги известил другите членови на иницијатива 16 + 1 дека Грција сака земјата да се придружи. Домаќин во Дубровник е хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а покровител е кинескиот претседател Ли Кечијанг.

Во Дубровник пристигнати се и црногорскиот премиер Душко Марковиќ, чешкиот премиер Андреј Бабиш, унгарскиот премиер Виктор Орбан, претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, Естонскиот премиер Јуриј Ратас, бугарскиот премиер Бојко Борисов, премиерката на Романија Виорика Данчила , словачкиот премиер Петар Пелегрини, словенечкиот премиер Марјан Шарец, српскиот премиер Ана Брнабиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

Треба да допатува и полскиот премиер Матеуш Моравецки, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и чешкиот претседател Милош Земан.

Форматот 16 + 1 е иницијатива на Народна Република Кина со цел интензивирање и проширување на соработката со 11 земји-членки на ЕУ и пет балкански земји (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија) во областа на инвестициите, транспортот, финансиите, науката, образованието и културата.

Учеството на Грција како полноправна членка на иницијативата, според дипломатски извори, ќе им додаде вредност на грчката економија, ја зајакнува како регионален центар, истовремено придонесувајќи значително за дипломатијата и за зајакнување на односите со Кина. Истите извори посочија дека вклучувањето на Грција во оваа иницијатива “беше овозможено само по потпишувањето на Пресповскиот договор и решавањето на прашањето за името, бидејќи беше невозможно до неодамна да учествува како полноправна членка, имајќи предвид дека Северна Македонија учествуваше со уставното име во тоа време “.

Please follow and like us:

You May Also Like