СДСМ: Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и игнорирањето на проблемот придонесе загадувањето да ескалира

11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со аерозагадувањето и наместо на потребите на граѓаните се посвети на криминал и корупција, велат од СДСМ преку соопштение.

„Цели 11 години антинародната ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше зеленилото, ја загрозуваше животната средина заради остварување на криминални интереси.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, време кога и Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100 %. Поради скапата струја, домаќинствата беа принудени да преминуваат на поевтини и помалку еколошки начини на греење.

Тоа беше уште директна причина за зголемување на загадувањето на воздухот.

За разлика од таквиот игнорантски однос на ВМРО-ДПМНЕ, денес се преземаат заеднички напори со сите надлежни институции, преку низа мерки на краток, среден и долг рок за решавање на проблемот со аерозагадувањето“, се вели во партиското соопштение.

Од СДСМ посочуваат дека интервентните мерки за продолжување на распустот на учениците, воведувањето на бесплатниот градски превоз во Скопје и ограничувањата на градежните активности се со цел да се заштити здравјето на граѓаните и на децата.

Покрај овие интервентни мерки се реализираат и системски мерки, од партијата додеваат дека интензивно се работи и на проектот за гасификација што директно ќе придонесе за значително помала загаденост, се зголемуваат зелените површини, се засадуваат нови дрвја и садници, се субвенционираат еколошки горива за греење, се заменуваат нееколошките со еколошки горива во училиштата, се набавуваат нови еколошки автобуси, ставен е во функција заштитен филтер за апсорбирање на штетните честички во Дрисла, се набавува филтер за Југохром, се расчистуваат диви депонии, велат од СДСМ.

Please follow and like us:

You May Also Like