СДСМ го повика Милошоски се што има да достави до институциите

СДСМ преку соопштение реагира на обраќањето на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски кој на денешната расправа за предлог – законот за Јавно обвинителство од собраниската говорница пушти аудио материјал на кој како што рече се слуша гласот на З.З. како збори за финансирањето на телевизијата на осомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски.

„Ако се толку уверени во своите лаги, итно нека поднесат се што имаат како материјали до институциите, па низ јавни и отворени постапки да ги видиме наводните докази. Милошоски е очаенкриминалец и очигледен е стравот кај него од владеење на правото и од независен судски систем што впрочем се обезбедува со носењето на ЗЈО“, наведуваат од СДСМ.

Од таму пишуваат и дека Зоран Заев е прв политичар „кој на човек кој јавно го величал, му испратил порака дека ако го прекршил законот – ќе одговара, што впрочем се дозна и вчера на судското рочиште“.

Милошоски на седницата го прочита транскриптот на снимката во кој вели дека лице со иницијали З.З. зборува за финансирањето на телевизијата 1ТВ на Бојан Јовановски-Боки 13.

З.З. „Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата? Ми вика: имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за старечките домови, ако знаеш.

З.З. Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година”, го прочита Милошоски транскриптот од како што рече лицето З.З.

Please follow and like us:

You May Also Like