СГС на Мијалков доби нов тендер, агенцијата ќе го обезбедува Археолошкиот музеј за 7 милиони денари

Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисис, која се поврзува со поранешниот шеф на тајната полиција за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков, доби тендер од Археолошкиот музеј во износ од 7 милиони денари.

Според податоците објавени од страна на Бирото за јавни набавки, СГС склучил договор со Археолошкиот музеј на крајот на минатата 2018 година за обезбедување во период од една година на имоти, археолошки предмети и материјали, откако компанијата се јавила како единствен понудувач на тендерската постапка.

Премиерот Зоран Заев своевремено како опозициски лидер објави прислушувани разговори како еден од клучните луѓе во агенцијата за обезбедување се консултира и прима наредби од Мијалков, кој дотогаш демантираше дека стои зад оваа компанија.

Инаку, компанијата во втората половина на минатата година добила уште неколку тендери за обезбедување, како на пример, од Агенцијата за електронски комуникации во износ од 17,5 милиони денари, од Општина Аеродром во износ од 4 милиони денари, од Фондот за холокаустот на Евреите од износ 1,5 милиони денари итн.

Како што е познато, ВМРО-ДПМНЕ го исклучи Мијалков од партиското членство, откако го обвинија дека влијаел врз пратеници од оваа партија да ги поддржат уставните измени со кои практично се реализира Преспанскиот договор со Грција.

Специјалното јавно обвинителство против него покрена неколку обвиненија и на барање во СЈО заврши во притвор, меѓутоа, на барање на СЈО, судот неодамна одлучи да му ја замени оваа мерка во куќен притвор.

Please follow and like us:

You May Also Like