Светската банка алармира: Со корупција нема економски раст

Без решение за високата стапка на корупција нема услови за стабилен економски раст, ова е една од констатациите на Светска банка во анализата за економските параметри на земјава. Потенцијал за раст на економијата постои, но мора поефикасно да се работи на намалување на невработеноста, да се вложува во човечкиот фактор и да се подобри конкурентноста на компаниите од приватниот сектор.Анализата на банката вели дека само пет отсто од компаниите во земјава се извозно  ориентирани и тоа е далеку од просекот од земјите во регионот. Светска банка потврдува дека подолг период бизнисот е заложник на политичките случувања во земјава.

„Извештајот содржи податоци за политичката нестабилност, за ниската доверба во јавните институции, корупцијата и другите фактори кои влијаат во довербата на граѓаните…“, рече Марко Мантованели, Светска Банка.

Приоритетни промени кои ги наведуваат од банката се владеењето на правото, реформи во јавниот сектор, пристап на компаниите до финансии и други мерки.

„Успехот на земјата при спроведување на сите приоритетни области зависи од тоа колку храбро ќе делува и ќе одржува стабилен курс на реформите. Заедничка политичка визија и свесност на јавноста ќе обезбедат дневнополитичките случувања да не го разводнат реформскиот момент“, рече Марко Хернандез, Светска Банка.

Пресметките на Светска банка се дека со просечниот раст од 2,8 отсто на Македонија ќе ù бидат потребни 70 години да го достигне актуелното ниво на развој на Европската унија

Please follow and like us:

You May Also Like