Самитот во Истанбул заврши со повик за формирање комитет за уставни реформи во Сирија

Лидерите на Турција, Русија, Франција и Германија ги повторија своите повици за политички процес поддржан од Обединетите нации со кој би се ставил крај на војната во Сирија во која загинаа стотици илјади луѓе. Германската канцеларка Ангела Меркел по самитот во Истанбул кој се одржа вчера рече дека “состанокот ја покажал заедничката посветеност за решавање на проблемот”.

“Заедничко решение може да биде постигнато, не во воена смисла, туку само преку политички напори под покровителство на ОН”, нагласи Меркел.

На самитот во Истанбул покрај неа беа и претседателите на Русија, Франција и Турција,Владимир Путин, Емануел Макрон и Реџеп Таип Ердоган.По состанокот тие излегоа со заедничко соопштение во кое повикаа да се формира заеднички комитет до крајот на годината кој ќе работи на реформи на Уставот како предуслов за слободни и фер избори во Сирија.

Please follow and like us:

You May Also Like