САД ќе ја прошират воената база во Катар

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска во Доха дека САД ќе ја прошират и реконструираат воената база Ел-Удејд во Катар.

Според него, документот за тоа е веќе потпишан со првите луѓе на соодвените министерства од двете земји.

Помпео денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Катар, Мухамед бин Абдулрахман и оцени дека односите меѓу САД и емиратот се „важни и се развиваат”.

– Нашата база Ел-Удејд  игра клучна улога во борбата против Исламската држава, изјави Помпео за време на неговата блискоисточна турнеja која трае од 8 до 15 јануари.

Во базата се стационирани 13 илјади американски војници и таму се наоѓа команден пункт на воено-воздухопловните сили на САД во регионот.

Не се прецизира за какво проширување станува збор. Претходно властите во Катар изјавија дека имаат намера да издвојат 1.8 милјарди долари за развој на базата.

Блискоисточната турнеја на Помпео ги опфаќа следните земји: Јордан, Ирак, Бахреин, Обединети Арапски Емирати, Катар, Саудиска Арабија, Оман и Кувајт. Државниот секретар го посети и Египет.

Please follow and like us:

You May Also Like