САД му продаваат на Тајван оружје вредно над 2,2 милијарди долари и покрај протестите на Кина

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на оружје на Тајван во вредност од над 2,2 милијарди долари, соопшти министерството за одбрана на САД

Известувањето за продажбата, која вклучува 108 тенкови М1А2 „абрамс“ и 25 рачни ракетни фрлачи „стингер“, е проследено во Конгресот. Конгресот има 30 дена за вложување жалба, што нема да се случи.

Соопштението речиси сигурно ќе ја разгневи Кина, која го смета Тајван за дел од својата територија. Пекинг и Вашингтон веќе со месеци се во трговска војна.

Тајван на почетокот на јуни ја потврди намерата на Вашингтон да му ја испрати нарачката, а Кина потоа изрази „сериозна загриженост“ околу зделката.

Political-Military Affairs, US Dept of State

@StateDeptPM

@StateDept authorizes FMS to TECRO – M1A2T Abrams Tanks and Related Equipment valued at up to $2 billion @StateDeptPM @USAsiaPacific https://go.usa.gov/xyKS2 

See Political-Military Affairs, US Dept of State’s other Tweets
Please follow and like us:

You May Also Like