САД: Демократите добија контрола над Претставничкиот дом

За првпат по 8 години  демократската партија  освои  мнозинството во Претставничкиот  дом на Конресот на САД. Успехот ќе им овозможи на демократите да ги оспоруваат политиките на претседателот ТРамп за наредните две години од неговото владеење. Не се исклучува и можноста повторно да покренат истрагат за наводите за руското мешање во претседателските избори во 2016 на кои победи ТРамп.

–  Утре ке биде нов ден за Америка. Демократскиот конгрес ќе работи на решенија кои ќе се носат заедно, бидејќи на сите им е доста од поделената Америка. Американскиот народа сака мир, сака резулати, сака да постигнеме резултати за нивниот живот, истакна Ненси Пелоси.

Но слават и  републиканците. Ја задржаа моќта врз Сенатот. Огромен успех оваа вечер. Ви благодарм на сите напиша првиот човек на САД , Трамп кој во текот на кампањата активно агитираше во прилог на републиканксите кандидати.

Американците вчера гласаа за 435 конгресмени и за 35 од 100 членови на Сенатот.

Изборите се сметаа како референдум за политиката на ТРамп а оценките на политичките аналитичари  и на американските медуиуми се поделени околу тоа дали тој победил или изгубил. Конгресните   избори покажаа и дека времињата се менуваат- во високата инстутуција на американската политика за првпаа влегуваат претставници на староседелците, индијанците и муслиманите.

You May Also Like