САД го осудува пукањето на венецуелската војска врз волонтери

САД ги осудува акциите на венецуелската војска и соопштија дека „светот гледа“ како војниците застрелаа двајца волонтери кои се обидувале да ја отворат границата за да дозволат да влезе хуманитарна помош.

„САД остро ја осудува употребата на сила во Венецуела против невооружени цивили и невини доброволци на границата на Венецуела со Бразил, “ се вели во изјавата од Белата Куќа.

Во соопштението се вели дека привремениот претседател Хуан Гваидо побарал итна хуманитарна помош од меѓународната заедница, додека режимот на Мадуро издал наредба да се затворат границите и да се потиснат сите кои што сакаат да донесат помош во земјата.

„Војската во Венецуела мора да дозволи мирен влез на хуманитарна помош во земјата. Светот гледа“ се вели во соопштението.

Вашингтон испрати специјален претставник Елииот Абрамс во пограничниот колумбиски град Какута кој треба да ја надгледува операцијата за поддршка на хуманитарната помош.

Please follow and like us:

You May Also Like