САД воведе нови санкции кон Иран

Соединетите држави воведоа нови санкции кон Иран, но дозволија исклучоци за да ја испитаат несреќата на украинскиот авион и се убедени дека санкциите се поефикасни против режимот на Иран од меѓународниот нуклеарен договор од кој се повлекоа.

Прегледи:139810 јануари 2020, 20:07СподелиСподели

Санкциите се насочени против осум високи функционери на режимот, кои „го поттикнаа дестабилизирачкиот ефект“ на Исламската Република и најголемите производители на  челик, алуминиум, бакар и железо во Иран, објави Вашингтон.

Администрацијата на Трамп наведе 17 ирански производители на метали и рударски компании, изјави американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин на прес-конференција, што ја одржа заедно со државниот секретар Мајк Помпео.

На списокот се наоѓа и мрежа на три правни лица со седиште во Кина и на Сејшели, како и брод вклучен во набавка, продажба и транспорт на ирански метални производи и снабдување на главните состојки на ирански производители на метали, рече Мнучин.

„Ние сме сто проценти сигурни дека економските санкции даваат резултати“, додаде тој.

Иран би заработил „буквално десетици милијарди долари“ без санкциите од САД, објасни американскиот министер за финансии.

„Тие тоа би го искористиле за терористички активности низ целиот регион“, рече Мнучин, додавајќи дека „Нема сомнение дека со прекинување на финансирањето на режимот, постигнавме ефект“.

Политиката на санкции на САД врз Иран е многу поефикасна алатка, со која Вашингтон се обидува да го присили Техеран да преговара за поширок договор од нуклеарниот договор во 2015 година, изјави денеска американскиот специјален пратеник во Иран, Брајан Хук.

„Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје. Тоа би било катастрофа за Блискиот исток“, рече Хук.

„Уште откако сме надвор од нуклеарниот договор со Иран, ние сме во многу подобра позиција да му забраниме нуклеарно оружје на Иран“, рече Хук.

„Ова ни овозможува силно да одговориме на иранската агресија во регионот и тоа е она што го постигнавме со нашите санкции“, заклучи Хук.

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин рече дека ќе бидат обезбедени извесни ослободувања од санкциите за да им се овозможи на Американците или на некој друг да учествуваат во истрагата за падот на украинскиот Боинг 737-800 во Иран, во кој во средата загинаа 176 луѓе.

Please follow and like us:

You May Also Like