Русија исто така ќе се повлече од ИНФ

Рускиот претседател реагираше со тоа на одлуката на САД да излезат од договорот за нуклеарно разоружување ИНФ. Владимир Путин според наводи на Кремљ истовремено дал зелено светло за развој на нови ракети.

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека неговата земја ќе започне шестмесечна процедура за повлекување од договорот за неширење на нуклеарните проектили од среден дострел (ИНФ), откако тоа го сторија САД, иако е подготвена да разговара на оваа тема.

Путин по состанокот со министрите за надворешни работи и за одбрана, Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу истакна дека САД постојано бараат „изговори за демонтажа на системот на меѓународна безбедност“ и оти Русија повеќе нема да иницира преговори со Вашингтон за тоа прашање, иако е подготвена да преговара.

„Сите наши предлози во таа сфера остануваат на маса, вратата за преговори е отворена. Истовремено побарав од двете министерства да не иницираат преговори за тој проблем. Ќе сочекаме нашите партнери да созреат за да водат со нас рамноправен и содржински дијалог за оваа тема, важна за нас, за нашите партнери, за целиот свет“, рече Путин.

Please follow and like us:

You May Also Like