Русија во следните две години ќе развие нови ракети

Русија во текот на оваа и следната година ќе направи копнена варијанта на крстосувачки ракети со долг дострел, соопштил министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. Тој додал дека ќе биде направен и нов ракетен комплекс со суперсонична ракета со долг дострел.

Како што рекол Шојгу, овие мерки се реализираат откако САД на 2 февруари го го напуштија Дговорот за ракети со среден и краток дострел.

По одлуката на Вашингтон, рускиот претседател, Владимир Путин, истиот ден рече дека и Русија ја запира примената на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).

„Ќе одговориме со иста мера. Американските партнери објавија дека го напуштаат договорот ИНФ и ние исто така ќе ја запреме примената“, рече Путин.

Please follow and like us:

You May Also Like