Русите за говорот на Путин: бајка со малку реалност

Премногу за надворешните, а многу малку за внтарешните работи. Вака реагираат дел до жителите на рускиот град Екатеринбург на говорот на претседателот Владимир Путин за состојбата на нацијата пред двата дома на парламентот.

Претседателот Владимир Путин остро ги предупреди Соединетите држави да не распоредуваат нови ракети во Европа.

Притоа тој се закани дека Русија ќе се одмазди со тоа што ќе го постави нејзиното ново оружје на кое ќе му треба малку време за да ги достигне своите цели.

„Русија ќе биде принудена да создава и распоредува нови видови оружја кои би можеле да се користат не само против териториите од кои произлегува директна закана за нас, туку и против териториите каде што се наоѓаат центрите за донесување одлуки кои го насочуваат користењето на ракетните системи што ни се закануваат“.

Путин ги обвини Соединетите држави декасе откажале од клучниот пакт за контрола на оружјето.

Тоа, според него, било со цел Вашингтон да ги одврзе своите раце за изградба на нови проектили а вината за тоа да биде префрлена врз Москва.

Неговиот говор исто така беше посветен и домашната ситуација во земјата.

Но, некои жители на Екатеринбург велат дека тоа не било доволно за да им се подобри животот на обичните луѓе.

Алексеј Шаманаев, вели:

„Мислам дека нашиот претседател е силен, добро управува со надворешната политика, тој го чувствува пулсот, но можеби тој не прави сосема доволно во внатрешната политика. Верувам дека благосостојбата на Русите е малку зад развиените земји, па затоа е неопходно да се работи на ова“.

Своја оценка има и Николај:

„Половина од тоа е бајка. Нешто се прави, но не за нас, не за обични луѓе. Ништо не е направено за обичните луѓе. Ние им простуваме на сите милиони долари долгови, а што е на ТВ? Помогнете му на ова дете, помогнете му на ова дете. Па да им дадеме милијарди на олигарси и сите, сите деца можат бидат излечени“.

Лилија Вариухина вели:

„Луѓето се навредени, навредени од него, бидејќи тој само зборува и не прави ништо. Повторувам уште еднаш, не можеме да протестираме, ние се плашиме. Сега имаме Национална гарда која е за претседателот. Тој е за војската, јас не се расправам што тој го промовира ова. Но, што значи тоа? Тој сам се штити“.

Владимир Лисин пак оценува:

„Говорите се секако убави, но би сакал неговите добри зборови да стигнат до тие организации, особено институциите кои треба да бидат ангажирани, треба да ни помогнат во сè. Со нетрпение го очекувам да ги среди работите во општинските служби“.

Обраќањето на претседателот Путин за состојбата со нацијата беше емитувано на главните руски телевизиски канали, па многу луѓе можеа да гледаат во живо.

Please follow and like us:

You May Also Like